0_Спорт.ПорталРакометРезултати

Куманово противник на Вардар во финалето на Купот на Македонија

Гостинките од Скопје беа рамноправни само во првите дваесетина минути, но потоа Кумановки, бодрени од публиката ја презедоа иницијативата и на полувреме заминаа со +5 разлика. Во вториот дел домашните ракометарки ја зголемуваа предноста за на крајот да забележат убедлив триумф и да се пласираат во финалниот меч.

Куманово, 9 мај 2019 (МИА) – Екипата на ЖРК Куманово ќе игра во финалето на Купот на Македонија откако славеше со 29:22 (15:10) против Металург.

Гостинките од Скопје беа рамноправни само во првите дваесетина минути, но потоа Кумановки, бодрени од публиката ја презедоа иницијативата и на полувреме заминаа со +5 разлика. Во вториот дел домашните ракометарки ја зголемуваа предноста за на крајот да забележат убедлив триумф и да се пласираат во финалниот меч.

Најпрецизна кај домашната екипе беше Шарановиќ со 9 гола, додека кај Металург Гичевска реализираше седум погодоци.

Во саботното финале, домаќинот на турнирот ќе се сретне со ЖРК Вардар од 16 часот.вз

Таг
Back to top button
Close