0_Спорт.ПорталРакомет

Куманово домаќин на Куп на Македонија во ракомет

Денеска во спортската сала во Куманово со почеток во 17 часот ќе се одиграат завршните Ф4 турнири од Купот на Македонија во ракомет, машка и женска конкуренција. Организатори се општина Куманово, Женски Ракометен Клуб Куманово и Ракометната Федерација на Македонија.

Куманово, 9 мај 2019 (МИА) – Денеска во спортската сала во Куманово со почеток во 17 часот ќе се одиграат завршните Ф4 турнири од Купот на Македонија во ракомет, машка и женска конкуренција. Организатори се општина Куманово, Женски Ракометен Клуб Куманово и Ракометната Федерација на Македонија.

Натпреварите се одржуваат по  повод 90-годишнината од формирањето на Женскиот клуб Куманово, како прва ракометна екипа во државата и  500 години постоење  на Куманово.

На турнирот ќе учествуваат ЖРК Вардар, ЖРК Металург, ЖРК Стружанка од Струга и домаќинот ЖРК Куманово во женска конкуренција, додека во машка конкуренција  ќе се натпреваруваат РК Еурофарм Битола, скопските РК Вардар, РК Бутел и РК Металург во машка конкуренција.

Денеска, ќе играат екипите ЖРК Вардар и ЖРК Стружанка во првото полуфинале, ЖРК Куманово ЖРК Металург во второто полуфинале. Во петок на 10-ти мај закажани се два дуели во машка конкуренција каде во првиот дуел настапуваат екипите на Металург од Скопје и екипата на Бутел, додека во вечерните часови од 20 часот, РК Вардар ќе се сретне со Еурофарм во второто полуфинале.

Финалните натпревари ќе се одиграат во сабота. Од 16 часот е женското, а од 20 часот машкото финале. ам/зс/

Таг
Back to top button
Close