ХроникаХроника.Портал

Кривична пријава за благајник во ЈЗУ Институт за јавно здравје

Скопје, 16 мај 2019

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Затајување член 239 од Кривичниот законик, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство  Скопје поднесе кривична пријава против лицето Л.Р. во својство на Благајник во ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Л.Р. со цел да прибави противправна имотна корист за себе, во текот на 2016 година во повеќе наврати присвоила доверени парични средства од извршена наплата од пациенти во благајната на Институтот, при што затаила вкупен износ од 547.329 денари, со што го оштетила Буџетот на ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Управа за финансиска полиција

_________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close