0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Кривична пријава на ексградоначалникот на Чашка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г. П. (49) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Скопје, 10 мај 2019 (МИА) – СВР Велес поднесе кривична пријава против Г. П. (49) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во Општина Чашка, иако општината немала потреба од вработување. После тоа, соопшти денеска МВР, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината. цр/дма/

Back to top button
Close