0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Крива Паланка дел од ултрамаратонот на бугарскиот маратонец Красимир Георгиев

Општина Крива Паланка е еден од градовите што се дел од маршрутата на познатиот бугарски маратонец Красимир Георгиев, која месецов ја минува како иницијатива за ултрамаратон низ Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

Крива Паланка, 13 мај 2019 ( МИА) – Општина Крива Паланка е еден од градовите што се дел од маршрутата на познатиот бугарски маратонец Красимир Георгиев, која месецов ја минува како иницијатива за ултрамаратон низ Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

Целта на Георгиев е промовирање на паневропскиот транспортен Коридор 8, како и промовирање на добрососедската политика и унапредените добрососедски односи меѓу трите балкански земји, а проектот го започна на 7 мај од Црното Море и ќе трае до  25 мај.

Од локалната самоуправа информираат дека Крива Паланка како град што претставува источна порта кон Европската Унија и град низ кој минува Коридорот 8 неизбежно се најде на мапата на движење на овој маратонец.

Општинските власти апелираат до сите спортисти и љубители на оваа спортска дисциплина симболично да се приклучат на патот на Георгиев, кој во Крива Паланка ќе пристигне на 15 мај, ќе преноќи во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“, а во утринските часови ќе го продолжи својот пат.

Мотото на ултрамаратонот е „Поврзување” и е под покровителство на премиерите на Бугарија, Бојко Борисов, на Северна Македонија, Зоран Заев, и на Албанија, Еди Рама, и има цел да ги промовира важноста на проектот за транспорт низ Коридорот 8 и добрососедската политика на овие лидери.

Со ултрамаратонот Георгиев од Црното море до Јадранското Море ќе мине низ 20 града, а маршрутата е со вкупна должина од 1.300 километри.

Целта е во Драч, каде што на 25 мај е предвидено да се сретнат тројцата премиери.

Георгиев ги поддржува заедничките напори на трите земји за исполнување на инфраструктурниот проект преку Коридорот 8, кој ќе донесе серија придобивки за Западен Балкан и ќе ги поврзе трите соседни блакански земји. Маратонецот се надева дека ќе привлече многу ентузијасти во својата нова авантура кои ќе му се придружат на патот на поврзување и обединување, кон вредностите што заеднички ги делиме на патот кон Европската Унија. ид/сд/

Back to top button
Close