0_Спорт.ПорталФудбал

Ковач: Има само еден Меси, јас секогаш гласам за него за „Златната топка“

Тој, исто така, истакна дека помеѓу 2013 и 2015 година, како тренер на Хрватска, секогаш гласал за Аргентинецот во анкетата за „Златната топка“.

Минхен, 2 мај 2019 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач ја изрази својата восхит од суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

Тој, исто така, истакна дека помеѓу 2013 и 2015 година, како тренер на Хрватска, секогаш гласал за Аргентинецот во анкетата за „Златната топка“.

– Има само еден Меси. Што и да кажам, ќе биде малку. Мора да го преплавиш со пофалби. Кога станува збор за мојот избор за „Златната топка“, секогаш го давав мојот глас за него. Има многу добри играчи, но тој е најдобриот. Тимот е важен, но тој ја прави разликата, изјави Ковач на прес-конференцијата пред натпреварот со Хановер 96.вз

Таг
Back to top button
Close