БизнисБизнис.ПорталВидео изјаваЕкономија

Конференција: Факторингот недоволно искористена финансиска алатка со голем потенцијал за развој на претпријатијата

Зголемување на разбирањето на Факторингот како алтернативно решение за финансиите на малите бизниси и нивно упатување кон примена на најдобрите практики за финансирање е целта на Првата регионална конференција за факторинг што се одржа денеска во Скопје во организација на Проектот на УСАИД за Факторинг во соработка со Меѓународната организација за факторинг, Factor Chain International и Стопанската комора на Македонија.

Скопје, 14 мај 2019 (МИА) -Зголемување на разбирањето на факторингот како алтернативно решение за финансиите на малите бизниси и нивно упатување кон примена на најдобрите практики за финансирање е целта на Првата регионална конференција за факторинг што се одржа денеска во Скопје во организација на Проектот на УСАИД за Факторинг во соработка со Меѓународната организација за факторинг, Factor Chain International и Стопанската комора на Македонија.

Во воведното излагања на форумот вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, истакна дека поддршката за МСП кои се двигател на економијата е од големо значење, а факторингот како алатка треба да биде препознаена и да се обезбеди нејзина максимална примена и корист. Оваа финансиска алатка ја подобрува ликвидноста на компаниите, а значи помош од факторинг компанија на друга компанија на која и се потребни ликвидни средства, а очекува прилив од трета компанија, при тоа за таа услуга факторинг компанијата наплатува одреден трошок.

-Овој механизам во нашата држава не е развиен пред се заради недоволната информираност, а и немањето компании што ја нудат таквата услуга. Тоа е блиску поврзано со ризикот. Околу 10 отсто од БДП во ЕУ се средствата кои што се опфатени со факторингот. Во Словенија тие изнесуваат околу три проценти од БДП или 1,2 милијарди евра на годишно ниво, а кај нас тоа се мери со промили или е незначително, рече Анѓушев.

Во моментов во земјата се спроведуваат два проекта чија цел е токму подобрување на користењето на факторингот – едниот е поддржан од ЕБОР, а другиот од страна на УСАИД, рече тој, изразувајќи надеж дека тие ќе дадат конкретен резултат, за што и лично ќе се заложи.

Вршителката на должност претставник на УСАИД во Република Северна Македонија, Гречен Биркл, исто така рече дека факторингот има огромен потенцијал да помогне во развојот на бизнисот.

-Оваа алатка како финансиско решение нуди непосредна и достапна ликвидност на микро, мали и средни претпријатија и им овозможува да го зголемат производството, продажбата и приходите. Со помош на нашите експерти од проектот на УСАИД веќе им помогнавме на 60 компании во земјава да добијат финасии преку факторинг, рече Биркл.

Проектот за факторинг е тригодишна активност чија цел е зголемување на конкурентноста на МСП и проширување на нивните пазарни можности. вг/скс/

 

Back to top button
Close