Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Концертна промоција на „Devotion“ од Мухамед Ибрахими

Мухмед Ибрахими, виртуозот на гитара, шаркија, мандолина,..., вечер во Кино Фросина концертно ќе го промовира својот нов албум „Devotion“.

Скопје, 17 мај 2019 (МИА) – Мухмед Ибрахими, виртуозот на гитара, шаркија, мандолина,…, вечер во Кино Фросина концертно ќе го промовира својот нов албум „Devotion“.

-Ибрахими е волшебна појава на македонската музичка сцена. Невиден виртуоз и извонреден музичар, кој својата публика редовно ја остава без здив и со подзината уста, наведуваат организаторите на концертот во најавата.

По првиот албум на Ибрахими, „Fly“ од 2014 година, чиј двапати печатен тираж е одамна распродаден, следува „Devotion“ издаден кон крајот на 2018 година. На слушачката промоција првиот тираж од ова ЦД беше распродаден, а за денешната концертна промоција се печати втор тираж. мч/са/

 

Back to top button
Close