Дописници МКДОпштински вести

Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани почнува со машинско чистење на јавните површини

Кочанското комунално претпријатие „Водовод“ набави возило „Mетларка“, економична машина со која ќе се одржува хигиената на јавните површини.

Кочани, 9 мај 2019 (МИА) – Кочанското комунално претпријатие „Водовод“ набави возило „Mетларка“, економична машина со која ќе се одржува хигиената на јавните површини.

Според информациите од стручните служби во претпријатието, вредноста на набавката е околу 4,5 милиони денари, а возилото има независен погон на четири тркала и може да работи и на поголеми нагорнини.

– Системот за чистење е составен од две предни странични четки, а поседува и вакуумски вентилатор што дава можност за вшмукување на поголема количина отпад, но и можност за собирање лисја преку посебно црево за вшмукување. Возилото работи тивко и има капацитет на чистење од 26.000 квадратни метри на час, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.

Возилото за метење на улиците и на јавните површини „Водовод“ го обезбеди со сопствени средства. Тоа ќе овозможи зголемување на опфатот на површините што се одржуваат, подобрување на јавната хигиена и ќе биде замена за осум до десет работника.

Планирањата на кочанското јавно претпријатие, кои произлегуваат од потребите, се однесуваат на обезбедување на камион-кипер, возило за собирање комунален отпад до 10 кубни метри, трактори со дополнителна опрема за одржување на комуналната хиегиена и зеленилата, како и цистерни за миење на улиците. та/ев/

 

Back to top button
Close