0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаПретседателски избори 2019

Кои се привилегиите на шефот на државата по завршувањето на мандатот

Денеска истекува вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов. Неговиот кабинет побарал од владината Служба за општи и заеднички работи да му бидат доделени канцеларии што ќе ги користи по престанокот на функцијата. Од СОЗР велат дека писменото барањето од Иванов што пристигнало до нив ќе биде одобрено. Станува збор за канцелариски простор што досегашниот шеф на државата веќе го нашол и бара да биде склучен договор за негово изнајмување.

Скопје, 12 мај 2019 (МИА) – Денеска истекува вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов. Неговиот кабинет побарал од владината Служба за општи и заеднички работи да му бидат доделени канцеларии што ќе ги користи по престанокот на функцијата. Од СОЗР велат дека писменото барањето од Иванов што пристигнало до нив ќе биде одобрено. Станува збор за канцелариски простор што досегашниот шеф на државата веќе го нашол и бара да биде склучен договор за негово изнајмување.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

Законот предвидува и да учествува на државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата и претседателот на Уставниот суд.

Според Законот, парите се обезбедуваат од Буџетот. Во случај на смрт на претседателот за време на мандатот, пензијата намалена за 30 отсто ја користат неговиот брачен другар и неговите малолетни деца до завршување на редовното школување, односно до наполнети 26 години возраст. Исто така имаат право на месечен паричен надоместок кој е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот и ова право брачниот другар го користи трајно.

Од поранешните претседатели, Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет. Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата имаат други права предвидени со Законот.

Според Уставот и законот, доживотните привилегии еден поранешен претседател може да ги загуби само ако бил разрешен со импичмент или ако Уставниот суд констатирал за време на мандатот дека претседателот има деловна неспособност. дма/мч/

Back to top button
Close