Дописници МКД

Кампања за собирање електричен и електронски отпад во Тетовско

Еколошки контејнери за собирање електричен и електронски отпад се поставени на неколку локации во општините Тетово и Боговиње, соопшти еколошкото друштво Еко Актион од Тетово. Контејнерите се поставени пред објектите на компании и институции.

Тетово, 25 мај 2019 (МИА) – Еколошки контејнери за собирање електричен и електронски отпад се поставени на неколку локации во општините Тетово и Боговиње, соопшти еколошкото друштво Еко Актион од Тетово. Контејнерите се поставени пред објектите на компании и институции.

-Првпат Еко Актион во полошкиот регион воспоставува организиран систем за собирање електричен и електронски отпад со цел да се намали негативното влијание врз здравјето на луѓето и животната средина од несоодветното управување со овој вид отпад, информираат од невладината организација.

Оваа активност се реализираше во рамките на проектот “Воспоставување на систем за собирање на електричен и електронски отпад во Полошки регион” кој се имплемемтнира од страна на Еколошкото друштво Еко Актион – Тетово во партнерство со Друштвото за управување со отпад- Нула Отпад Доо Скопје и Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце и е поддржана од ГЕФ Програмата за мали грантови, која е спроведувана од УНДП, а реализирана од Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации – УНОПС.ас/скс/

 

 

Back to top button
Close