КултураКултура.Портал

Изложба „Птици (за мојата ќерка)“ од Јорданчо Кицовски

Изложба на слики „Птици (за мојата ќерка)“ од Јорданчо Кицовски вечер ќе биде отворена во Културно информативниот центар – Скопје.

Скопје, 7 мај 2019 (МИА) – Изложба на слики „Птици (за мојата ќерка)“ од Јорданчо Кицовски вечер ќе биде отворена во Културно информативниот центар – Скопје.

Авторот на изложбата ќе се претстави со 20 дела, работени акрилик на платно, создадени последниве три години.

Јорданчо Кицовски е роден во 1980 година во Скопје. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје (графика, реставрација и конзервација ). Слика на ѕидови и фасади, изработува сувенири, икони, слики, цртежи, стрипови …

Досега реализирал една самостојна изложба во Скопје и повеќе групни изложби во државата и во САД. Учествувал на неколку ликовни колонии низ нашата земја. мд/са/

Back to top button
Close