БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Изложба на фотографии „Српскиот геноцид во Косово“

Косовската невладина организација Студентска демократија (ДС) ќе отвори денеска изложа на фотографии со цел, како што наведе, да потсети на геноцидот и етничкото чистење што го спроведе Србија во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 9 мај 2019 (МИА) – Косовската невладина организација Студентска демократија (ДС) ќе отвори денеска изложа на фотографии со цел, како што наведе, да потсети на геноцидот и етничкото чистење што го спроведе Србија во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на ДС се наведува дека манифестацијата е во чест на Денот на Европа и во знак на протест поради неправедната изолација во која се држи Косово од страна на Европската Унија (ЕУ).

Изложбата насловена „Српскиот геноцид во Косово“ ќе се отвори во универзитетскиот кампус, наспроти Православната црква, затоа што, според организаторот, овој објект, чија изградба започна пред војната и никогаш не се заврши, „го симблизира насилството и злосторствата што ги изврши Србија врз цивилното население во Косово“.

Денот на Европа, 9 Мај, е државен празник и неработен ден во Косово. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close