КултураКултура.Портал

Изложба на дела на студенти од Меѓународниот балкански универзитет на тема „Уметност и архитектура“

Во универзитетскиот кампус на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) денеска ќе биде отворена изложба на тема „Уметност и архитектура“. Изложбата се состои од повеќе од 200 дела на зададената тема изработени од студенти на Факултетот за уметност и дизајн и на Факултетот за инженерство.

Скопје, 17 мај 2019 (МИА) – Во универзитетскиот кампус на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) денеска ќе биде отворена изложба на тема „Уметност и архитектура“. Изложбата се состои од повеќе од 200 дела на зададената тема изработени од студенти на Факултетот за уметност и дизајн и на Факултетот за инженерство.

На отворањето на изложбата ќе говорат Деканката на факултетот за уметност и дизајн, проф. д-р Александра Ристовска и раководителот на Катедрата за архитектура проф. д-р Александар Андовски.

Поставката содржи над 200 дела, меѓу кои слики, цртежи, постери, фотографии од студентите од студиските програми за уметност и дизајн, заедно со макети, цртежи на резиденцијални објекти, ентериер, индустриски дизајн, театри, јавни објекти, проекти за урбанизам и други објекти во фокусот на студентите по архитектура. сст/са/

 

 

Back to top button
Close