КултураКултура.ПорталОпштество

Излезе од печат книгата „И тие се тука“

Книгата „И тие се тука“ што претставува водич низ учењата на помалку застапените верски групи во државата, денеска излезе од печат, информира Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Скопје, 20 мај 2019 (МИА) – Книгата „И тие се тука“ што претставува водич низ учењата на помалку застапените верски групи во државата, денеска излезе од печат, информира Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Ова издание на Комисијата има за цел да ги претстави сите верски групи кои се регистрирани во државата, а не се споменати во Уставот.

Според Комисијата, демократското општество секогаш подразбира плурализам на постоењето, а едукацијата овозможува плурализмот да се сфати како вредност и предност, а не поле за стереотипи и поделби.

Водичот го запознава читателот со основните информации за секоја верска група, за појавата на учењето, развојот низ годините и верските ритуали. бт/скс/

Back to top button
Close