0_Спорт.ПорталКошарка

Итудис подготвен да го продолжи договорот со ЦСКА

Тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис е подготвен да го продолжи договорот со клубот. Ова го изјави грчкиот тренер по синоќешниот триумф во Евролигата. ЦСКА во финалето на „Фајнал фор“ го победи Анадолу Ефес со 91:93.

Виторија, 20 мај 2019 (МИА) – Тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис е подготвен да го продолжи договорот со клубот. Ова го изјави грчкиот тренер по синоќешниот триумф во Евролигата. ЦСКА во финалето на „Фајнал фор“ го победи Анадолу Ефес со 91:93.

– Ако ЦСКА ми понуди да го продолжи договорот, ќе потпишам, потенцира Итудис.

Четириесет и осум годишниот Грк покрај ЦСКА во својата тренерска кариера работеше и во Банвит, Панатинаикос, МЕНТ, Филипос, Паниониос, ПАОК и Загреб. зс/

Таг
Back to top button
Close