СветСвет.Портал

ИД презеде одговорност за нападот врз војниците во Нигер

Терористичката „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот врз војници во Нигер во близина на границата со Мали. Според портпаролот на војската на Нигер во нападот се убиени 28 војници.

Дакар, 16 мај 2019 (МИА) – Терористичката „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот врз војници во Нигер во близина на границата со Мали. Според портпаролот на војската на Нигер во нападот се убиени 28 војници.

Новинската агенција Амак, блиска до ИД, не понуди докази за таквото тврдење.

Портпаролот на нигериската Влада Абдурахман Закарија изјави дека нападот врз воената единица се случил во градот Тонго-Тонго во покраината Тилабери.

Во истиот град екстремисти од огранокот на ИД убија четворица припадници на американските специјални сили и четворица нигериски војници во октомври 2017 година. ссм/

Таг
Back to top button
Close