0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници МКДПолитика

И во Србија ќе се слави Ден на словенската писменост во чест на Кирил и Методиј

Владата на Република Србија на денешната седница го усвои Предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници со кој предлага 24 мај да биде нов празник - Ден на Кирил и Методиј.

Белград, 16 мај 2019 (МИА) – Владата на Република Србија на денешната седница го усвои Предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници со кој предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.

Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и креаторите на првото словенско писмо – глаголицата-соопоштија од Кабинетот за соработка со медиумите на српската Влада. об/мч/

Back to top button
Close