СветСвет.Портал

Хутите најавија воена операција против 300 главни цели во Саудиска Арабија

Хутите во Јемен соопштија дека нападите во Саудиска Арабија минатата недела биле само почеток на воените операции против 300 главни воени цели во таа земја, објави агенцијата САБА, која е под контрола на Хутите.

Каиро, 20 мај 2019 (МИА) – Хутите во Јемен соопштија дека нападите во Саудиска Арабија минатата недела биле само почеток на воените операции против 300 главни воени цели во таа земја, објави агенцијата САБА, која е под контрола на Хутите.

Меѓу целите се воени и стратешки објекти во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и нивната база во Јемен.

Саудиска Арабија соопшти дека минатиот вторник со дронови се нападнати две бензински пумпи, а телевизијата Масирах, која е во сопственост на Хутите, претходно објави дека групата со дронови нападнала и постројки во Саудиска Арабија. паг/

Таг
Back to top button
Close