БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Харадинај ја повика косовската дијаспора да гласа за европските народни партии

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика денеска сонародниците со право на глас на изборите за Европскиот парламент да гласаат за кандидатите на европските народни партии, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 23 мај 2019 (МИА) – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика денеска сонародниците со право на глас на изборите за Европскиот парламент да гласаат за кандидатите на европските народни партии, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај преку објава на Фејсбук ја повика косовската дијаспора во земјите од Европската Унија својот глас да го даде за, како што вели, тие кои се најгласни во промоцијата на заедничките интереси.

– Денеска со започнувањето на изборите за Европскиот парламент, ги повикувам сонародниците кои имаат право на глас во државите на Европската Унија да го искористат тоа право и да гласаат за кандидатите кои се најгласни во поддршката и промоцијата на нашите заеднички интереси, посебно за кандидатите на европските народни партии. Новиот Европски парламент ќе биде значаен партнер за нас во наредните пет години, порача Харадинај. иа/сп/

Таг
Back to top button
Close