Фудбал

Гвардиола најдобар тренер во Премиер лигата

Предводникот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е прогласен за најдобар тренер во сезоната 2018/19 во англискиот фудбалски шампионат.

Лондон, 15 мај 2019 (МИА) – Предводникот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е прогласен за најдобар тренер во сезоната 2018/19 во англискиот фудбалски шампионат.

Под водство на шпанскиот стручњак, Манчестер сити го освои шампионскито трофеј веќе втора година по ред.

Гвардиола е само третиот тренер по Алекс Фергусон и Жозе Мурињо, кој успеа да ја одбрани титулата шампион.

Во конкуренција за наградата беа и тренерите: Јурген Клоп од Ливерпул, Маурисио Покетино од Тотенхем и Нуно Еспирито Санто од Вулверхемптон. зс/

Таг
Back to top button
Close