0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Грчкиот Парламент даде зелено светло за Договорите за новите гранични премини кон нашата земја

Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 15 мај 2019 (МИА) – Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, додека пак Комунистичката партија гласаше воздржано.

За двата предлог закони, присутните пратеници во Парламентот, на две посебни електронски гласања, го изразија нивниот став, кој се броеше како став на партиите.

На гласањето му претходеше расправа што траеше околу час и половина. Во речиси празната сала на пленарната седница се обратија 10 пратеници од различни партии, а последна говореше алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу. ср/дма/

Back to top button
Close