Дописници МКД

Градоначалникот на Куманово оствари средба со амбасадорот на Словенија, Милан Јазбец

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Словенија во државава, Милан Јазбец.

Куманово, 20 мај 2019 (МИА) – Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Словенија во државава, Милан Јазбец.
Како што соопштија од Општината, двајцата соговорници разговарале за досегашната меѓуопштинска соработка на Куманово со општините од Република Словенија, за економијата и за образованието.
– Градоначалникот Димитриевски ги претстави профилот и развојните можности на општината, кои отвораат нови перспективи за идна соработка, особено на полето на инвестициите што може да произлезат од индустриските капацитети на Општина Куманово. Амбасадорот Јазбец истакна дека постојат повеќе можности за соработка во образованието, во инфраструктурата и економијата, посочувајќи ја идеалната местоположба на Куманово и веќе воспоставената соработка со Општина Марибор, со која Општина Куманово има потпишано меморандум за соработка, информираа од општината.
Претходно, амбасадорот Јазбец во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ со патувачкиот автобус на ЕУ  ја посетил Гимназијата „Гоце Делчев“, каде што присуствувал на повеќе активности и учествувал на дебата со учениците насловена како „Визијата на младите за Европската Унија“. ам/бт/

Back to top button
Close