0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Голден стејт пресилен за Портланд во првиот дуел од конференциското финале

Бранителот на трофејот Голден стејт рано утрово забележа убедлив триумф над Портланд во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот во НБА-лигата. „Воините“ ноќеска славеа со 116:94 за водство од 1-0 во серијата прв до четири победи.

Оукленд, 15 мај 2019 (МИА) – Бранителот на трофејот Голден стејт рано утрово забележа убедлив триумф над Портланд во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот во НБА-лигата. „Воините“ ноќеска славеа со 116:94 за водство од 1-0 во серијата прв до четири победи.

Стеф Кари со 36 и Клеј Томпсон со 26 поени беа најефикасни во победничкиот тим. Кај Портланд се истакна Лилард со 19 поени.

Вториот меч од финалето во Западната конференција на распоредот е на 17 мај повторно на теренот на ГС.

За вечер во 2:30 по полноќ е закажан стартот на финалната серија во Источната конференција. На првиот дуел Милвоки ќе му биде домаќин на Торонто. зс/

Таг
Back to top button
Close