Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Гимназијата во Гевгелија со 14 нови училници од есен

Претставници на Светската банка, тим лидери на проектот и градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков денеска заедно направија обиколка на градежните работи при што оценија дека е сосема реално новите 14 училници на СОУ „Јосиф Јосифовски“ да бидат готови до есен.

Гевгелија,16 мај 2019(МИА) – Претставници на Светската банка, тим лидери на проектот и градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков денеска заедно направија обиколка на градежните работи при што оценија дека е сосема реално новите 14 училници на СОУ „Јосиф Јосифовски“ да бидат готови до есен.

Реализацијата на проектот ќе чини околу 35 милиони денари, од кои 23 милиони денари се заштеда на училиштето од блок дотации добиени во изминативе осум години, а околу шест милиони денари се учество на Општина Гевгелија.

Покрај училниците, кои треба да обезбедат услови за едносменско работење и целосна енергетска заштита, објектот ќе има и современ угостителски дел што ќе се користи од страна на учениците од туристичко угостителската насока, а ќе се користи и за комерцијални цели.

Од изведувачот на работите градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија велат дека училниците ќе бидат готови до почетокот на новата учебна година. им/фф/

Таг
Back to top button
Close