ЕвропаЕвропа.Портал

Германија ќе воведува „министерство за осамени“

Германија размислува за воведување посебен оддел при Министерството за здравство, кој ќе се грижи за проблемите на осамените граѓани.

Берлин, 5 мај 2019 (МИА) – Германија размислува за воведување посебен оддел при Министерството за здравство, кој ќе се грижи за проблемите на осамените граѓани.

– Досега малку внимание им се посветувало на болестите кои ги предизвикува осаменоста. Едно неодамнешно истражување покажува дека осаменоста често предизвикува психички болести, како што се депресија, анксиозност, но и болести на крвниот систем, изјави функционерот од редовите на социјалистите Карл Лутербах.

Тој бара, по примерот на Велика Британија, да се воведе оддел при Министерството за здравство што ќе се занимава со осаменоста и штетите кои ги причинува таа појава врз општеството.

Идејата за формирање посебен оддел за осамени ја поддржа и членот на демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ Маркус Вејнберг.

– Мора да има повеќе места и програми кои на осамените луѓе ќе им овозможат вклучување во општествениот живот, истакна Вејнберг. гт/

Таг
Back to top button
Close