0_Магазин.ПорталЗанимливости

Французинка од 102 години осомничена за убиство на цимерка во старечки дом

Француското обвинителство денеска отвори истрага за убиството на 92-годишна жена во старечки дом во северна Франција, за што е осомничена нејзината 102-годишна цимерка, која е префрлена во психијатриска болница.

Париз, 23 мај 2019 (МИА) – Француското обвинителство денеска отвори истрага за убиството на 92-годишна жена во старечки дом во северна Франција, а за злосторот осомничена е нејзината 102-годишна цимерка, која е префрлена во психијатриска болница.

Обдукцијата покажа дека старицата била усмртена со давење и добила неколку удари по глава.

Нејзината 102-годишна цимерка бурно и нервозно реагирала на веста за трагедијата и поради тоа била префрлена во психијатриска болница. Извори од болницата велат дека старата жена во конфузна состојба рекла дека „некого убила“.

Обвинителството соопшти дека истрагата е отворена, но се чекаат психијатриските наоди пред  евентуалното покренување на постапката против стогодишнината.ир/

 

 

Таг
Back to top button
Close