Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Финансирањето на Еуроњуз под лупа на европските ревизори

Европскиот ревизорски суд предупредува дека Европската комисија нема ефикасен начин да процени како се трошат нејзините фондови, чија цел е зголемување на медиумското покривање на европските прашања, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 14 мај 2019 (МИА) – Европскиот ревизорски суд предупредува дека Европската комисија нема ефикасен начин да процени како се трошат нејзините фондови, чија цел е зголемување на медиумското покривање на европските прашања, јави дописничката на МИА од Брисел.

Американската Ен-Би-Си минатата година откупи 25 отсто од европскиот информативен канал Еуроњуз, кој е финансиран делумно од Европската комисија и од јавните сервиси на европски земји. Меѓутоа, според европските ревизори,

Комисијата не е во можност повеќе да проверува на ефикасен начин како се трошат нејзини пари, откако го изменила методот на субвенционирање.

Помеѓу 2014 и 2018 година, Европската комисија доделила вкупно 122 милиони евра за Еуроњуз, што претставува една третина од приходите на каналот.

– Европската комисија треба годишно да проверува дали Еуроњуз ги исполнува своите заложби за зачувување на уредничката непристрасност и европската перспектива, но не најдовме никаква поврзаност помеѓу овие заложби и критериуми на Европската комисија за годишно доделување на овие фондови, алармира ревизорскиот суд.

Извештајот, исто така, нагласува дека не постои доволно веродостоен начин да се провери гледаноста на каналот и предупредува дека Еуроњуз не е јавен сервис.

– Ниту една земја членка не му доделил мандат на јавен сервис на Еуроњуз, што значи дека не добива директни фондови, и затоа Еуроњуз не е достапен за сите или повеќето граѓани во Европската Унија, соопштија ревизорите, кои постапуваат по барање на Европскиот парламент. тм/сп/

Таг
Back to top button
Close