Svet.SlajderСветСвет.Портал

Ердоган и Путин разговараа за ситуацијата во Идлиб

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин дека сириската Влада ја загрозува турско-руската соработка во Идлиб, така што го крши прекинот на огнот, соопштија од кабинетот на Ердоган.

Анкара, 14 мај 2019 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин дека сириската Влада ја загрозува турско-руската соработка во Идлиб, така што го крши прекинот на огнот, соопштија од кабинетот на Ердоган.

Турскиот претседател му кажал на Путин и дека сириските напади врз цивили, училишта и болници во Идлиб не можат да се толкуваат како борба против тероризмот.

Порастот на насилството во областа Идлиб го загрози руско-турскиот договор, со кој е прекината владината офанзива во септември. Таа област е една од последните големи упоришта на сириските бунтовници.ир/гт

Таг
Back to top button
Close