БизнисБизнис.ПорталСветСвет.Портал

Епл може да се соочи со големи проблеми поради Хуавеј, предупредуваат аналитичари

Откако американската администрација го стави кинески Хуавеј на црната листа на компании, со големи проблеми може да се соочи домашниот Епл, предупредуваат аналитичари.

Вашингтон, 21 мај 2019 (МИА) – Откако американската администрација го стави кинески Хуавеј на црната листа на компании, со големи проблеми може да се соочи домашниот Епл, предупредуваат аналитичари.

Акциите на Епл вчера паднаа 3,3 отсто, откако аналитичарите на ХСБЦ предупредија дека повисоките царини за кинеските производи ќе бидат причина за зголемени цени со сериозни последици за побарувачката на производите на Епл.

Аналитичарите на Морган Стенли предупредуваат дека пропаст на преговорите меѓу САД и Кина и високите царински тарифи на долг рок може да ја втурнат глобалната економија во рецесија.

Ако кинеската Влада одлучи да се одмазди, производите на Епл во Кина може да бидат забранети,а забраната може да опфати и кинески добавувачи за Епл, како што е Фокскон. Приходите што ќе се загубат, кинеската Влада лесно може да ги надомести со субвенции.

Според аналитичари, со тоа ќе страдаат големите добавувачи на Хуавеј, бидејќи намалените испораки за кинескиот гигант ќе се одразат врз нивните приходи. Најголема штета ќе имаат Калком и Коринг, кои ќе загубат приходи од милиони телефони што Хуавеј глобално ги продава. паг/

Таг
Back to top button
Close