0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

„Екип“: По финалето на ЛЕ, Азар му се приклучува на Реал Мадрид

Двата клуба се согласиле, според изданието, за трансфер вреден 100 милиони евра и договорот бил постигнат пред една недела.

Мадрид, 13 мај 2019 (МИА) – Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, сигурно ќе ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид, вели „Екип“.

Двата клуба се согласиле, според изданието, за трансфер вреден 100 милиони евра и договорот бил постигнат пред една недела.

Официјално, веста нема да биде објавена до 29 мај, кога е финалето на Лигата на Европа помеѓу „сините“ и Арсенал.

Овој натпревар ќе му овозможи на 28-годишниот Белгиец да се збогува со трофеј.

Оваа недела, тимот на Маурицио Сари ќе отпатува во Соединетите Американски Држави за контролна средба со Њу Ингланд револушн. Азар, исто така, има обврски со белгискиот национален тим на 8 и 11 јуни.вз

Таг
Back to top button
Close