Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

„Џеј-Пи Морган“: Зголемена веројатноста за Брегзит без договор

Американската инвестициска банка „Џеј-Пи Морган“ ја зголеми веројатноста за Брегизт без договор од 15 на 25 проценти, наведувајќи оти нивното основно сценарио е дека поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон ќе стане нов премиер, по што ќе следат општи избори, а потоа уште едно одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ до крајот на годината.

Лондон, 21 мај 2019 (МИА) – Американската инвестициска банка „Џеј-Пи Морган“ ја зголеми веројатноста за Брегизт без договор од 15 на 25 проценти, наведувајќи оти нивното основно сценарио е дека поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон ќе стане нов премиер, по што ќе следат општи избори, а потоа уште едно одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ до крајот на годината.

„Џеј-Пи Морган“, исто така, ја зголеми веројатноста за продолжување на периодот наведен во член 50 од Лисабонскиот договор (за напуштање на Унијата) на 60 проценти од претходните 50 отсто, а во исто време ја намали опцијата за истапување на земјата од ЕУ во согласност со условите на договорот за Брегзит на премиерката Тереза ​Меј, на 15 проценти во однос на претходните 35 отсто.

Главниот економист на  „Џеј-Пи Морган“, Малколм Бар, во допис испратен денеска до клиентите на банката, пишува дека нивното основно сценарио е следното:

– Борис Џонсон станува премиер на почетокот на септември врз основа на платформата „ако мораме одиме без договор“. ЕУ го отфрла неговото главно барање – отстранување на заштитниот механизам од договорот за повлекување. Долниот дом на Парламентот започнува законодавен процес за да го принуди Џонсон да побара продолжување на периодот од членот 50. Потоа, Џонсон свикува општи избори во обид да добие поддршка за својот пристап. Обединетото Кралство и ЕУ постигнуваат договор за продолжување на член 50 до крај на декември со цел да се овозможи одржување на општи избори, по што би уследиле преговори, наведува Бар во дописот до клиентите. ир/сп/

Таг
Back to top button
Close