СветСвет.Портал

Џејкоб Зума на суд поради корупција

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума денеска се појави на суд поради обвиненија за корупција, перење пари и рекетирање.

Петермаритзбург, Јужна Африка, 20 мај 2019 (МИА) – Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума денеска се појави на суд поради обвиненија за корупција, перење пари и рекетирање.

Зума (77) пред Високиот суд во Петермаритзбург, во источната провинција КваЗулу-Натал, е обвинет дека примал мито кога владата во 1999 година купувала оружје.

Зума беше претседател на Република Јужна Африка од 2009 до 2018 година, кога неговата владејачка Национална конгресна партија го натера да се повлече поради обвиненија за корупција.

Поранешниот финансиски советник на Зума, Шабир Шаик  во 2005 година беше осуден за измама и корупција. јт/

 

Таг
Back to top button
Close