0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Дводневна средба во Охрид на Заедничкиот комитет за учебниците

Во Охрид денеска започнува нова дводневна средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Грција, потврдуваат грчки извори за дописничката на МИА од Атина.

Атина, 17 мај 2019 (МИА) – Во Охрид денеска започнува нова дводневна средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Грција, потврдуваат грчки извори за дописничката на МИА од Атина.

Од грчка страна за Охрид заминува и заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, кој воедно го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците.

Ова ќе биде четврта средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, воспоставен со член 8 став 5 од Договорот од Преспа.

Третата средба се одржа во Атина на 12 и 13 април 2019 година, а според заедничкото соопштение на двете министерства за надворешни работи, состанокот помина во пријателска, конструктивна и позитивна атмосфера и „беше остварен напредок во однос на исполнувањето на задачите на Комитетот и беа потврдени и дополнително елаборирани заклучоците од втората средба“.

-Двете страни се согласија да продолжат со имплементација на мандатот што им е доделен со Преспанскиот договор, во рамката на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. На средбата беа разгледани и дискутирани курикулумите на двете страни, а исто така се разговараше и за учебниците по историја, соопштија минатиот месец од двете министерства. ср/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close