0_Македонија.ПорталОпштество

Доделување награда на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на хомофобија, трансфобија и бифобија денеска на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе ѝ биде доделена награда за поддржувач на годината.

Скопје, 17 мај 2019 (МИА) – По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на хомофобија, трансфобија и бифобија денеска на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе ѝ биде доделена награда за поддржувач на годината.

Иницијатор на оваа идеја е Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Покрај членовите на Интерпартиската група, на настанот се поканети и претседателот на Собранието, генералниот секретар и сите пратеници, како и претставници на дипломатскиот кор и на организациите членки на Националната мрежа. мч/са/

 

Back to top button
Close