Дописници МКДОпштински вести

До крајот на годинава ќе бидат исплатени 8,7 милиони евра за реализираните инвестиции преку ИПАРД-програмата

До крајот на годинава ќе бидат исплатени 8,7 милиони евра за веќе реализираните инвестиции, нови близу девет милиони евра ќе бидат исплатени до крајот на годинава, кога се очекуваат и уште два повика по однос на мерките од ИПАРД-програмата, а ќе продолжи и реализацијата на инвестициите што во периодов ќе бидат склучени, рече денеска министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски во кумановското село Новосељане, каде што присуствуваше на манифестацијата „Ден на полето 2019-та“.

Куманово, 22 мај 2019 (МИА) – До крајот на годинава ќе бидат исплатени 8,7 милиони евра за веќе реализираните инвестиции, нови близу девет милиони евра ќе бидат исплатени до крајот на годинава, кога се очекуваат и уште два повика по однос на мерките од ИПАРД-програмата, а ќе продолжи и реализацијата на инвестициите што во периодов ќе бидат склучени, рече денеска министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски во кумановското село Новосељане, каде што присуствуваше на манифестацијата „Ден на полето 2019-та“.

Тој пред присутните земјоделци, претставници од повеќе компании и стручната јавност информираше дека нема да има селекција, човечкиот фактор нема да влијае врз одобрувањето и на искористувањето на средствата, посочувајќи дека МЗШВ е сервис кој е во функција на целиот сектор.

– Неселективно, сите соодветни, комплетни апликации, што се наоѓаат во платежната агенција, без разлика на тоа од која компанија, доаѓаат и без разлика на други околности, работиме по принцип сите квалитетни апликации да бидат одобрени и да бидат склучени договори, рече министерот.

Тој ги охрабри сите над 1000 субјекти кои склучиле договори, да ги забрзаат своите инвестиции, бидејќи има средства на располагање, да се искористат и да бидат во функција на земјоделско-прехранбениот сектор. Министерот најави поддршка и креирање нови мерки, со кои рече дека ќе се врати довербата во институциите, во европските фондови, додавајќи дека со отворање на новите процеси и отворањето на поглавјата кои се однесуваат на земјоделскиот сектор ќе има нови можности, фондови и средства.

– Убедени сме дека резултатите ќе станат видливи дека посветеноста, енергијата на сите чинители ќе  дадат позитивни показатели во нашето земјоделство, рече министерот.

Тој пред присутните истакна дека денеска се сретнал со висока делегација на претставници од Брисел, нагласувајќи дека Република Северна Македонија е лидер во имплементација во 2018 година во делот на програмата ИПАРД. Министерот рече дека претходно и фармерите и компаниите имале ниска доверба во претходниот период, поради што програмата од ИПАРД 1, била екстремно ниско искористена.

Николовски, рече дека процедурите биле посложени, а оти со заеднички напор на институциите за само една година е надминат бројот на склучени и реализирани договори, додавајќи дека државата го пренесува знаењето на дел од балканските држави. ам/мс/

 

Back to top button
Close