КошаркаРезултати

Дино Баскет шампион во категоријата М-14

Младите кошркари на Дино Баскет се победници на завршниот „фајнал фор“ турнир за играчи до 14 години. Тие ја искористија предноста на домашен терен и им приредија радост на своите навивачи. Дино Баскет денес во својата сала „Кирил и Методиј“ во финалето го победи Работнички со 87:75.

Кочани, 19 мај 2019 (МИА) – Младите кошркари на Дино Баскет се победници на завршниот „фајнал фор“ турнир за играчи до 14 години од македонскиот шампионат. Тие викендов ја искористија предноста на домашен терен и им приредија радост на своите навивачи. Дино Баскет денес во својата сала „Кирил и Методиј“ во финалето го победи Работнички со 87:75.

Во дуелот за третото место Вардар триумфира над МВП Струмица со 94:72.

Вчера во полуфиналето избраниците на тренерот Сашо Лазаров ги совладаа противниците од МВП Струмица со 95:91, додека Работнички беше поуспешен од Вардар со 92:69.

За најкорисен играч на финалето е прогласен Петар Ивановски. зс/

Таг
Back to top button
Close