0_Македонија.ПорталПолитикаПретседателски избори 2019

ДИК: Гласањето мирно, одѕивот до 10 часот 6,31 отсто

Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 10 часот изнесува 6,31 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска. 

Скопје, 5 мај 2019 (МИА) – Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 10 часот изнесува 6,31 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска.

Таа додаде дека на гласање до 10 часот излегле 99.192 гласачи.

Според ДИК, гласањето во првите три и пол часа се одвива мирно.

Во првиот круг од изборите до 10 часот излезеноста изнесуваше 6,05 отсто.мд/скс/

Back to top button
Close