0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Дескоска: Не се враќам во МОН, мојот пат е одење напред, а не враќање назад

Нема да се враќам во Министерството за образование. Не сум јас Никола Тодоров и да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената „метла“ од премиерот Зоран Заев.

Скопје, 8 мај 2019 (МИА) – Нема да се враќам во Министерството за образование. Не сум јас Никола Тодоров и да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената „метла“ од премиерот Зоран Заев.

Додаде дека не знае дали ќе го напушти Министерството за правда.

– Мојот пат е одење напред, а не враќање назад. Единствено место каде што можам да се вратам по политиката е Правниот факултет, а не МОН. дма/сд/

Back to top button
Close