Ракомет

Делчево домаќин на Државно првенство во ракомет

Делчево денес е домаќин на Државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир кој го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Како што информираше професор Александар Таушански, ментор на ракометарките од Делчево, на завршниот турнир ќе учествуваат ракометарки од вкупно шест училишта од државата.

Делчево, 17 мај 2019 (МИА) – Делчево денес е домаќин на Државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир кој го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Како што информираше професор Александар Таушански, ментор на ракометарките од Делчево, на завршниот турнир ќе учествуваат ракометарки од вкупно шест училишта од државата.

– На турнирот покрај домаќинот ,,Св.Климент Охридски” ќе учествуваат и екипите на деветтолетките „Сандо Масев“ од Струмица, „Јосип Броз – Тито“ од Струга, „Кочо Рацин“ од Прилеп, „Стив Наумов“ од Гази Баба и „Ристо Крле“ од Илинден. На завршниот турнир домашната екипа ќе одигра натпревари против врсничките од деветолетките „Кочо Рацин“ од Прилеп и „Стив Наумов“ од Гази Баба, информира Таушански.

Упати покана до сите љубители на ракометот, да дојдат во салата Методи Митевски – Брицо, да ја бодрат домашната екипа, а воедно да проследат и добар ракомет.

Досега се одиграа два турнири во рамки на Државното првенство, а на табелата водат екипите на Св.Климент Охридски и Јосип Броз – Тито. Натпреварите од Државното првенство во женски ракомет започнуваат од 10 часот. вс/зс/

Таг
Back to top button
Close