Фудбал

Де Лихт не знае каде ќе ја продолжи кариерата

Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт, сé уште не одлучи во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, објави „Скај спортс“.

Амстердам, 27 мај 2019 (МИА) – Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт, сé уште не одлучи во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, објави „Скај спортс“.

Претходно се шпекулираше дека Барселона, Ливерпул и Манчестер јунајтед покажуваат интерес за 19-годишниот Холанѓанец.

– Се разбира, знам дека имам интерес од некои тимови, но не можам да кажам кои се тие. Каде се гледам следната сезона? Премиер лигата е една од најдобрите лиги во светот, може да го кажам истото за Ла лига, но има и други добри првенства. Искрено, сè уште не знам каде ќе ја продолжам мојата кариера, вели Де Лихт.

Во сезоната 2018/19, тој одигра 55 натпревари постигна седум гола и оствари четрири асистенции.

Деветнаесет годишниот Холанѓанец со Ајакс стана шампион на Холандија, го освои националниот куп и да стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.

На фудбалскиот пазар вредноста на Де Лихт се проценува на 70 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close