0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Членови на холандската комисија за европски прашања на средби во Собранието

Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде делегација на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија. 

Скопје, 8 мај 2019 (МИА) – Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде делегација на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија.

Холандската делегација ќе биде примена од претседателот на Собранието Талат Џафери, а членовите ќе имаат средба и со претседателот на Комисијата за европски прашања.

По претседателските избори коишто се одржаа во недела, се очекува неделава Парламентот неделава да продолжи со својата агенда. На 12 мај, во недела ќе се одржи свечена седница на која ќе биде инаугуриран новиот претседател на државата Стево Пендаровски, а нова седница да биде закажана од понеделник. ев/са/

Таг
Back to top button
Close