Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Целовечерен концерт на Камерниот оркестар од Благоевград во Делчево

Камерниот оркестар од Благоевград со диригентот Христо Христов вечерва одржа целовечерен концерт. Концертот е дел од одбележувањето на 24 Мај - Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој е патрон на градот Делчево. Како што истакна диригентот Христов концертот е микс на разни жанрови музика за сите генерации.

Делчево, 23 мај 2019 (МИА) – Камерниот оркестар од Благоевград со диригентот Христо Христов вечерва одржа целовечерен концерт. Концертот е дел од одбележувањето на 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој е патрон на градот Делчево. Како што истакна диригентот Христов концертот е микс на разни жанрови музика за сите генерации.

-Се претставуваме со многу разнобразна програма, преткласика, класика до романтична музика од многу автори од многу држави една многу интересна програма, во рамки на еден час. Се надевам посетителите уживаа во нашиот настап, рече Христов.
Поканата за концерт во чест на сесловенските просветители Христов ја прифатил со задоволство, бидејки како што вели светите браќа Кирил и Методиј со своите дела се признаени од многу народи и се едни од најголемите покровители на Европа.
-Да кажам веднаш ја прифатив поканата за концерт во Делчево. Прв пат сум во вашиот град и сум многу благодарен на градоначалнимот на Делчево кој беше покровител на мојот концерт кој го одржавме во Скопје пред 19 дена по повод 116 годишнината од смртта на Гоце Делчев. За светите браќа Кирил и Методиј кои се патрони на вашиот град имам најубаво мислење, бидејки тие се личности кои се толку едноставни и јасни и прифатени од толку многу народи во светот, истакна Христов.
Чествувањето на 24 Мај како патрон на градот Делчево продолжува утре со света божествена литургија во соборниот храм во Делчево како и научна трибина „1150 години од смртта на Кирил Филозоф“. вс/ац/

Back to top button
Close