0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Бошњаковски заминува на функцијата генерален секретар во кабинетот на претседателот Пендаровски

Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, каде што ќе ја извршува функцијата генерален секретар.

Скопје, 16 мај 2019 (МИА)  – Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, каде што ќе ја извршува функцијата генерален секретар.

-Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа, односно пристапот беше кон сите ист, рече Бошњаковски заблагодарувајќи се на довербата на премиерот и на колегите од тимот со кој, како што рече, досега направиле над 100 прес-конференции.вг/са/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close