БалканБалкан.Портал

БиХ: Снег падна во повеќе општини во Босанска Краина и Чемерно

Во повеќето градови во БиХ температурите на воздухот се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места падна и снег.

Сараево, 6 мај 2019 (МИА) – Во повеќето градови во БиХ температурите на воздухот се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места падна и снег.

Заснежи во Босанска Краина – Приједор, Босански Петров и Цазин, а има снег и во Чемерно
.

Снегот ги покри зелените гранки на овошките и ги загрижи земјоделците. Температурата на воздухот не надминува пет степени. Облачно време со повремени дождови се предвидува и за наредните денови.

Снег вчера падна и на загрепско излетничко место Сљеме. Температурата на воздухот во одредени делови на Хрватска беше околу нула степени. ир/ми/

 

Таг
Back to top button
Close