Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Бенон нема „никаква улога во кампањата” на РН, тврди Марин Ле Пен

Стив Бенон, поранешниот советник на Доналд Трамп „нема улога во кампањата" на Националниот собир (РН) за изборите за Европскиот парламент, изјави претседателката на РН, Марин Ле Пен. 

Париз, 20 мај 2019 (МИА) – Стив Бенон, поранешниот советник на Доналд Трамп „нема улога во кампањата” на Националниот собир (РН) за изборите за Европскиот парламент, изјави претседателката на РН, Марин Ле Пен. Владејачкото мнозинство во Франција го обвини Бенон дека е „тројански коњ на плановите на Доналд Трамп и Владимир Путин за слабеење на Европа“, јавува дописникот на МИА.

Стив Бенон, кој престојува во Париз оваа недела, „нема никаква улога во кампањата”, рече на Франс Инфо Марин Ле Пен.

-Тој е во Париз за бизнис бидејќи продава една од неговите компании на голема француска банка. Значи нема никаква врска со кампањата. Претседателката на РН вели дека се „блиски” со Стив Бенон, гостин на конгресот на ФН (сега РН) во март 2018 година, поради неколку причини. „Тој е политички советник кој е извонредно интересен. САД направи избор да и го сврти грбот на дивата глобализацијата, и се разбира тоа не интересира “, тврди таа.

– Се разбира дека разговараме за политика, тој е човек кој, всушност, имаше улога во одреден момент во кампањата на г-дин Трамп, додаде таа. Марин Ле Пен, исто така рече дека го прашала Стив Бенон дали знае некоја Европската банка која ќе се согласи да и даде кредит на РН. Значи тоа што, не најде, е доказ дека врвцата со која сакаат финансиски да не задават е многу многу силно стегната ”

Во дуелот со Националниот собир, поранешниот Национален Фронт за првата позиција на неделните европски избори, тенорите на Република во движење, по скандалот на крајната десница во Австрија, започнаа да го напаѓаат присуството во Париз на Стив Бенон.

Нападите дојдоа само неколку часа откако поранешниот стратег даде интервју за весникот „Паризиен“ во кое објаснува дека изборите во Франција ќе бидат најважните од сите други кои се одржуваат во Европската Унија, најавувајќи земјотрес.

-Ако Mакрон не победи на 26 мај, француската политика ќе се ‘ресетира’. Трката за претседателската функција ќе започне по европските избори, вели тој, односно Бенон очекува победа на Марин Ле Пен.

Најжестоката осуда на Бенон, дојде од Стефан Сежурн, директор на кампањата ЛРЕМ и поранешен советник на Емануел Макрон. Тој го смета за „напад врз суверенитетот на изборите”.

Оваа реторика ја дели државниот секретар за економија Агнес Пањие-Рунахер. Според неа, присуството на Стив Бенон во Париз ја илустрира „тенденцијата на странските сили да манипулираат со нашите избори.”

За овие двајца претставници на Републиката во движење, без сомнение: тоа е гласот на Трамп кој зборува преку својот поранешен советник. „Националистите стануваат релеи на оние кои сакаат да ја поделат Европа за подобро да ја потчинат.“ тг/ссм/

Таг
Back to top button
Close