0_Македонија.ПорталПолитички партии

Бачев: Скандал, уставобранителите осудени со лажно сведочење на заштитен сведок, Иванов веднаш да даде помилување

Претседателот на Единствена Македонија, д-р Јанко Бачев, денес, петок, 10 мај 2019 во изјава за медиумите сподели со јавноста записник за лажно сведочење на заштитениот сведок С1 за настаните од 27 април каде уставобранителите се осудени на затворски казни од преку два века.

Скопје, 10 мај 2019

Претседателот на Единствена Македонија, д-р Јанко Бачев, денес, петок, 10 мај 2019 во изјава за медиумите сподели со јавноста записник за лажно сведочење на заштитениот сведок С1 за настаните од 27 април каде уставобранителите се осудени на затворски казни од преку два века.

Видео од изјавата: https://www.youtube.com/watch?v=_A5M_Mxndlc&t=11s

Во изјава за новинарите претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече:

Почитувани,

Повод за денешната изјава е записникот што го добивме од т.н „свиркач„ за сослушување на заштитиниот сведок С1 за настаните од 27 април во Собранието каде уставобранителите се осудени на затворски казни повеќе од два века.

Од записникот се гледа дека уставобранителите се осудени со лажно сведочење на овој заштитен сведок дотолку повеќе што исказот на овој сведок е цитиран во завршните зборови како клучен доказ.

Заштитниот сведок лажно спомнува десетина лица кои на еден или друг начини биле наводно инволвирани на критичниот 27 април.

Едно од тие лица сум и јас, за моја наводна инволвираност во настаните од 27 април.

Од кога го добивме овој записник јас поразговарав со останите лица и сите тие категорчки ми рекоа дека се работи за лажно сведочење на заштитиниот сведок.

Но, во оваа прилика ќе говорам за мојата наводна инволвираност.

Според записникот, заштитниот сведок сведочи дека јас сум го организирал членството на Единствена Македонија за настаните на 27 април и членството на критичниот ден сум го споил со еден од осудените Игор Југ, а Јане Ченто го организирал влезот во Собранието. Една флагрантна лага, дотолку повеќе што лицето Игор Југ не го познавама ниту пак некогаш сум имал средба.

Понатаму, заштитниот сведок сведочи дека после настаните на 27 април, утредента, внимавајте добро, јас сум помагал сега осудените уставобранители да се префрлуваат во Јужна Србија на сигурно.

Што да се каже после овие лаги! Една монструозна и нездрава конструкција преку заштитен сведок.

Работите стануваат појасни ако се знае дека  на судскиот процес кој беше затворен за јавноста кога се сослушувал заштитиниот сведок, обвинтетите уставобранители предложиле и мое сведочење, но судот од за него познати причини го одбил ова иако беа преземени сите мерки согласно ЗКП да не се гледа неговиот идентитет во судницата.

Почитувани присутни,

Откако се откри лажното сведочење на заштитниот сведок сега се отвора патот во последен момент да реагира и претседателот Иванов.

Ја користам приликата еве и лично да го повикам сеуште актуелниот претседател:

Претседателе Иванов имате уште 24 часа да донесете одлука за помилување на уставобранителите кои не се терористи туку македонски патриоти.

Усѕтавобранителите влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок а не да тепаат било кого и кој да беше таа вечер на местото на Заев ќе поминеше исто земајќи предвид дека претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок.

Вашата обврска за помилување е уште поголема ако се знае дека вие како претседател баравте гаранции од Заев при давањето на мандатот токму за она за што сега се осудени уставобранителите што значи и вие ја потврдивте општествената опасност од Заев за уставниот поредок.

Со овој записник стана јасно дека уставобранителите се осудени со лажно сведочење на т.н. заштитен сведок.

Претседателе Иванов на крајот на вашиот мандат покажете дека сте претседател на Македонците, а не на странците. Затоа, одлука за помилување – ВЕДНАШ!

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close