ЕвропаЕвропа.Портал

Асанж повторно ќе биде сослушан на 30 мај

Следното сослушување на основачот на Викилкс Џулијан Асанж пред судот во Лондон, по повод барањето на САД за негова екстрадиција, ќе се одржи на 30 мај.

Лондон, 2 мај 2019 (МИА) – Следното сослушување на основачот на Викилкс Џулијан Асанж пред судот во Лондон, по повод барањето на САД за негова екстрадиција, ќе се одржи на 30 мај.

Претседателот на судот, Мајкл Сноу исто така одлучи дека продолженото сослушување за случајот Асанж ќе се одржи на 12 јуни.

Асанж денеска пред судот во Лондон изјави дека ќе се бори против екстрадицијата во САД, за што тој е обвинет за заговор за хакерство на владиниот компјутер.

На прашањето дали се согласил да биде екстрадиран во САД, Асанж рече дека е против екстрадиција, поради, како што рече, „новинарството што освои многу награди“.

Тој не се појави во судот во Вестминстер, туку се обрати преку видео-линк од лондонскиот затвор во кој ја отслужува казната од 50 недели, што му беше изречена вчера поради кршење на условната слобода пред околу седум години, по што се криеше во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде му беше даден азил.

Асанж им се извини на сите кои сметаат дека не им покажал почитување, истакнувајќи дека тоа не била негова намера. – Го направив она за што во тој момент мислев дека е најдобро или можеби единствено што можев да го направам, наведе Асанж во писмо, кое вчера беше прочитано пред судот.

Судијката Дебора Тејлор изјави дека Асанж ја искористил својата привилегирана состојба за да го прекрши законот и да го изрази својот презир кон британската правда. паг/

 

Таг
Back to top button
Close