0_Web_АктуелноПолитикаХроникаХроника.Портал

Апелација ја отфрли жалбата, Спиро Ристовски останува во притвор

Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски останува во притвор откако Апелациониот суд ја отфрли неговата жалба и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор, потврдија за МИА од Апелација.

Скопје, 21 мај 2019 (МИА) –. Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски останува во притвор откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор, потврдија за МИА од Апелација.

Ристовски, кој издржува мерка притвор во Затвор Скопје, е еден од осомничените како организатор на настаните на 27 април во Собрание во 2017 година. На јавна седница Ристовски бараше да му биде укинат притворот и изразувајќи уверување дека нема да бега, ниту би влијаел на сведоци затоа што, како што рече, е уверен дека ќе ја докаже невиноста.

Како организатори за  „27 април“ освен Ристовски обвинителството ги гони и експремиерот Никола Груевски и Никола Бошковски кои се во бегство, пратеникот Трајко Велјановски на кого Собранието не му го одзема имунитетот и екс министерот Миле Јанакиевски кој првично беше во притвор, а сега е во домашен. аа/скс/

 

Таг
Back to top button
Close