0_Македонија.ПорталДописници МКДПолитички партии

Алијанса за Албанците: Граѓаните в недела да го изразат својот суверенитет

Вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните, оцени вечерва Алијансата за Албанците на состанок на Централното претседателство на партијата.

Тетово, 2 мај 2019 (МИА ) – Вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните, оцени вечерва Алијансата за Албанците на состанок на Централното претседателство на партијата.

– Партијата го повторува ставот искажан за време на изборната кампања дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци. Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на Алијансата на Албанците во функција на уставната и социо-економската еднаквост на Албанците во Северна Македонија. Нашата поддршка беше за проф. Блерим Река. Цениме дека ја добивме поддршка на апсолутно мнозинство Албанци во Северна Македонија. Главниот непријател на концептот и стручната подготовка на професорот Река беше предрасудата, стои во соопштението на Алијансата за Албанците

Според нив во фокусот на кампањата на двајцата кандидати не е држава за сите, туку држава и власт на македонска партија или поединец кој што во минатото и сегашноста повеќе ги дискриминирал или вршел насилство врз Албанците.

-Апелираме до двајцата кандидати да запрат со оваа валкана кампања на подобар или полош џелат и итно да престнат да ги емитуваат овие рекламни спотови. Наместо нивно емитување, јавно нека им се извинат на Албанците и да дадат гаранции дека тие никогаш нема да се повторат, истакнуваат во соопштението.

Од Алијансата велат дека граѓаните се суверен и нивен партнер во градењето на достоинствен живот и затоа апелираат да го изразат својот суверенитет во недела. ас/бк/

Back to top button
Close